Ферари се чудо – направиле голем кикс поради кој Фетел можел да го загуби и 2. место во Канада

По контроверзната трка во Канада, Ферари призна дека направиле една од неколкуте грешки, кога не успеале на време да го известат Чарлс Леклер за 5-те секунди казна на Себастијан Фетел.

Фетел доби казна од стјуардите на трката поради инцидентот во 57/70 круг, поради тоа што излета од патеката и небезбедно се врати на неа, препречкувајки му го патот на актуелниот светски шампион Луис Хамилтон, а по добивањето на казната во 62 круг, Ферари заборавил едноставно да го извести Леклер за тоа.

Постоеше реална опасност неизвестениот Леклер да дојде под 5 секунди разлика во однос на Себастијан Фетел, нешто кое подоцна дополнително ќе ескалираше бидејки Фетел ќе го загубеше и второто место, па ќе мораше да се задоволи само со 15 бодови.

Самиот Леклер не бил свесен во тој момент дека може да му одмогне на својот колега, но тоа и не била негова вила, бидејки дечките од Маранело биле во тотален „офсајд“ тие десетина кругови, разочарани од одлуката на луѓето во ФИА да го казнат Фетел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ред Бул удрија по ФИА: Мерцедес е секогаш заштитената страна!

(ВИДЕО) Два моменти се клучни во целата ситуација: Познато е зошто Фетел доби казна

Ферари сака да го врати ударот, но фактите се против него!

Хамилтон објаснува: Зошто Фетел не е во право што е лут на одземената победа

Фетел не сака да прифати што му направија од ФИА: Ова не е спортот во кој се заљубив

Џентлменот Хамилтон – барем го утеши Фетел!

ФЕТЕЛ ДАЛИ СИ СЕРИОЗЕН: Германецот по трката го има „нај-моментот“ во Канада

Тензичен крај во Канада – Фетел одби да даде изјава, но по тимско радио удри по ФИА

Фетел прв во Канада, но победник е Луис Хамилтон