Ферари (повторно) го искомпромитира Леклер, а тој јавно прокоментира

Ферари иако имаше крајно поволна ситуација на почетокот од трката во Мексико вчера, сепак и веројатно со погрешна стратегија си ја уништија предноста.

Леклер и Фетел беа напред на гридот вчера на Мексико, но на крајот, Хамилтон го зададе повторно ударот.

Младиот Леклер беше задржан 4.5 секунди подолго во боксот и токму тој момент ја определи трката, а по самата трка, Леклер повторно изнесе нешто од кое може да се заклучи дека не е задоволен.

При првото застанување во бокс, намерата беше да се задржи позицијата која ја имавме, но сепак ни преостануваше уште едно влегување. На второто менување гуми, ситуацијата не помина најдобро, имаше грешка и останавме долго токму кога најмалку требаше. Имав надежи дека ќе дојдам до подиум, но при вакви услови, тоа беше невозможно. Сепак имавме погрешна стратегија“, констатира Леклер.