Ферари не виде во него потенцијал, но Волф и Мерцедес да: Шумахер е одлично момче!

Младиот возач Мик Шумахер, од следната сезона ќе биде резервен возач на Мерцедес.

Шумахер доаѓа на местото на Ник де Врис, кој премина во тимот на Алфа Ромео, а откако Ферари не виде во него потенцијал, Мерцедес си го прибра со широко отворени раце.

Мик е интелигентно момче, добро е воспитан. Беше доста успешен во јуниорските категории. Веруваме дека можеме да се грижиме за него. Мислам дека заслужува место и сега мора да видиме дали може да сториме нешто по тоа прашање“, истакна Тото Волф.

Младиот германски возач минатата сезона настапуваше за екипата на ХАС но без некој посебен успех, по што неговото место беше заземено од Нико Хулкенберг.