Ферари му испрати интересна порака на Хамилтон за новата сезона

Пред некој ден возачот на Ферари, Себастијан Фетел, порача дека неговиот тим можеби конечно ги има „состојките“ со кои конечно ќе го победат Мерцедес, а сега момците од Маранело како да му испраќаат порака на Луис Хамилтон.

Британскиот возач кој минатата сезона во Ф1 се круниса по петти пат како владетел во овој авто-мото спорт, а денеска доби интересна порака од Ферари.

Тоа е веројатно на шега, но ако е евентуално некоја скриена порака, можеби Ферари сака да каже меѓу редови дека црвениот болид во новата сезона ќе биде недопирлив за конкуренцијата.

„Без допири и ѕиркање внатре Луис“, стои на официјалниот профил на Ферари во Ф1, како порака можеби меѓу редови за Луис Хамилтон.

No peeping in 2019, Lewis… 🧐#ForzaFerrari

Gepostet von Scuderia Ferrari am Mittwoch, 23. Januar 2019