Ферари имаше ужасна трка, а Верстапен знае зошто е тоа така: Ги прочитаа, доста лажираа!

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше доста брутален во изјавите по синоќешната трка во Остин, каде Хамилтон ја потврди својата 6 шампионска титула.

Во Остин триумфираше Валтери Ботас, а подиумот го пополнија Хамилтон и Верстапен.

Макс истакна по трката дека Ферари успевале да лажираат претходните трки и дека сега биле прочитани во Остин и дека поради тоа што другите ги проучиле, Ферари се нашол во таква ситуација, каде беше победен од конкуренцијата.

Тоа се случува кога ќе престанете да лажете. Се е проучено доста внимателно и во иднина треба да се надгледува“, рече Верстапен.

Од друга страна, на тоа реагираше Леклер.

Мислам дека тоа беше шега, да бидам потполно искрен. Тој нема врска со нашата работа, не е во нашиот тим. Ние точно знаеме што работиме, ане знам зошто Верстапен така зборува. Тој ништо не знае за нас“, рече Леклер.