Ферари го победи Мерцедес надвор од патеките – Мик Шумахер дел од нивната возачка академија!

Синот на еден од најдобрите возачи на сите времиња во Формула 1, Михаел Шумахер, направи голем чекор кон овој спорт каде неговиот татко се прослави.

Медиумите утрово пренесуваат дека младиот Мик се решил за Ферари пред Мерцедес, од каде доаѓаше сериозен интерес да го „капарисаат“ на време.

Тој ќе стане член на возачката академија на Ферари, па ќе биде дел од развојните програми за идните тестови и болиди во Маранело.

Мик Шумахер кој има 19 години, веќе има остварено бројни резултати кои не останаа незапазени, па сега е заврбуван од Ферари.

Сигурно дека најрадосен на ова ќе биде Михаел Шумахер кога ќе слушне за веста на неговиот син и соработката со Ферари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шуми имал интересен план непосредно пред несреќата – Вили Вевер открива детали

Фетел се сврте против седмата сила поради прашањето за „тимската наредба“

Ферари излезе со „циркузантски“ став по трката за ситуацијата со Леклер и Фетел

Леклерк бесен на својот тим: Не ја сфаќам оваа одлука на Ферари!

Мерцедес повторно покажа моќ: Хамилтон со победа на јубилејната 1000. трка во Ф1

ВИДЕО: Кај Верстапен нема цензура: Ги опцу Фетел и двоецот на Рено по тимското радио

Доминација на Мерцедес пред Ферари во Кина: Пол позиција за Ботас

Фетел не ги прифаќа критиките од јавноста: Луѓето имаат кратко паметење

Како предупредување за Ферари и Мерцедес – наскоро уште еден тим на нивното ниво