Ферари го нема на мапа со години, но Ф1 реши да ги анимира „тифозите“ со видео од 2002

Формула1 на своите профили на социјалните мрежи, потсети на времињата во овој спорт кога Михаел Шумахер и Хуан Пабло Монтоја имаа свои битки и се бореа за трофеј.

Со оглед на тоа дека долг период Ферари го нема на мапата на конкурентност, Ф1 се обиде да ги анимира фановите на италијанскиот авто мото тим со она што се случуваше пред повеќе од две децении.

Далечната 2002 Михаел Шумахер ја освои својата трета титула со Ферари, вкупно петта во кариерата, а таа сезона како најголем ривал за титулата го имаше колумбискиот возач Монтоја.

Многу од навивачите во Ф1 емотивно се присеќаат на овие сезони кога на трките имаше вистински битки со некои други болиди, во кои доминираше спремноста на возачите, а не тимската стратегија како во денешно време.