Ферари го казнува Фетел пред да си замине?

Додека Матија Биното имаше ниски очекувања околу почетокот на новата сезона, италијанските медиуми пишуваат за ситуацијата во таборот на Ферари.

Наводно Себастијан Фетел нема да добие шанса да го тестира болидот на Ферари пред излегување на патеката на првиот слободен тренинг во Австрија на 3 јули.

Ветел веќе објави дека се збогува со Ферари на крајот од оваа година, а сега медиумите во Италија пишуваат дека само Леклер ќе има дозвола да тестира во овие 2-3 недели пред почеток на сезоната.

Неодамна разговаравме со Фетел поврзано за тестирањата кои ќе ги има само Леклер во Фиорано“, рече Биното, а токму оваа изјава ги потикна новинарите од Италија да истражуваат зошто е ова кажано на неколку недели пред почеток на првенството.

Моторспорт порталот пишува дека се работи за своевидна казна која Ферари ќе му ја сервира на Фетел поради недоразбирања околу финансиските примања на релација Фетел-Леклер, па затоа сега Ферари и ќе го казни на некој начин германскиот возач.