Ферари е „среќен“ што Хамилтон е слободен од 2021: Индикација за трансфер?!

Фикција или не, но сепак постои опција во иднина да се види Луис Хамилтон во болидот на Ферари.

Шесткратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон има уште една година од договорот со Мерцедес, а потоа може да следи големиот трансфер.

Шефот на Ферари, Матја Биното, во медиумите искоментира дека е среќен што во 2021 година Хамилтон е „достапен“, што дава индикација дека може да се случи овој трансфер.

Луис е фантастичен возач, тој ќе биде слободен од 2021 година, тоа не прави крајно среќни. Рано е за одлуки, во моментот ние сме задоволни со возачкиот кадар“, истакна Биното.