Ферари е далеку од Мерцедес – Ботас прв, Хамилтон втор во Каталонија

Евидентно дека брзината која ја има Мерцедес се докажа на лице место во Шпанија, каде денеска попладне возачите на овој германски тим одработија 1-2 на стартот за утрешната трка.

Ботас беше убедливо најбрз на денешните квалификации, а на утрешната трка, неговиот тимски колега Луис Хамилтон ќе тргне од втората позиција.

Ферари и денеска беше инертен во однос на „сребрените стрели“, Себастијан Фетел едвај го освои третото место, додека на 4. позиција се пласира Верстапен. Младиот Леклер кој денеска имаше само еден летачки круг во последните 10 минути од квалификации, имаше време доволно за 5. позиција.

Во топ10 на стартот за утрешната трка уште влегоа и Гасли, Грожан, Магнусен, Квјат и Рикиардо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Солзи и неверување – замина легендарниот Ники Лауда!

ВИДЕО: Доминацијата на Маркез продолжува – победи во Ле Ман и имаше комичен танц!

ФОТО: Трагедија за Макс Бјаџи – го загуби својот татко и ја објави последната фотографија

(ВИДЕО) Страшни слики од САД: Фернандо Алонсо со полна брзина се заби во ѕид

ВИДЕО: Болно до срж – момче кое полека умира, доби неочекуван подарок од Хамилтон

(ФОТО) Иџе го покажа новиот дизајн на своите автомобили – помоќни од било кога

(ВИДЕО) Уште сега предизвикува морници: Излегоа првите снимки од документарецот за Шумахер

ВИДЕО: Мекларен направи неверојатен превид – го прекрстија својот возач

Премиера на првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe