Фени сигурен кај Вардар, Кожув и Работнички рутински против Пелистер и Куманово

Вечерва на програмата од домашното кошаркарско првенство имаше три натпревари, во кои подобар ефект имаа домаќините.

Вардар на домашен терен беше поразен од Фени Индустри со 70:80, додека Кожув и Работнички беа сигурни на домашен терен против екипите на Пелистер и Куманово.

Кожув очекувано славеше против битолската екипа со 73:68, додека во „центар“ Работнички исто така запиша очекувана победа против гостите од Куманово со 88:79.

Костов и Мираковски беа вечерва предводници на „центарци“ против Куманово со по 19 поени, а овој меч беше како загревање пред претстојната пресметка во Купот на Македонија, мечеви кои ќе се играат во Гевгелија следниот викенд.