Фенербахче назначи нов тренер – изборот на турскиот клуб го поздрави Лука Дончиќ

По заминувањето на Жељко Обрадовиќ, Фенербахче тргна во потрага по нов тренер, кој конечно го пронајде.

Од новата сезона, Игор Кокошков ќе биде предводник на тимот од Истанбул, тоа денеска го потврди самиот Фенербахче.

Кокошков покрај ангажманот во кошаркарската федерација на Србија, ќе биде предводник на Фенер кој ќе има повторно високи амбиции.

Овој ангажман на Твитер го поздрави и Лука Дончиќ, словенскиот кошаркар кој со Кокошков соработуваше во Сакраменто Кингс.