Феликс уште на првиот меч во Челси го доживеа тоа што во Мадрид го нема три години

Скапото засилување на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, оваа зима се пресели во Лондон и го облече дресот на Челси.

Иако станува збор сао за позајмица, сепак, Феликс веќе успеа да го постигне својот прв гол во дресот на Челси, а самиот фудбалер раскажа и за една искуство кое не го доживеал досега во Шпанија.

Ми беше доста тешко во Атлетико да продолжам со таков стил на играм. Она што ме изненади во Англија е што уште на првиот натпревар кога бев дел од тимот, добив песна од навивачите, тоа не го доживеав во Мадрид. Можам да кажам дека овде имам поголема слобода во играта и да го форсирам мојот стил на игра. Она што можам да им го ветам на фановите е дека ќе дадам се од себе за да бида задоволни од мене“, порача португалскиот ас.

Кон крајот на сезоната, голема е веројатноста тој да се врати повторно во Атлетико Мадрид, но доколку се случи во Челси да бидат задоволни од него, „сините“ ќе се обидат да издејсвуваат негов постојан трансфер.