Роже Федерер се ближи кон своите последни минути кои ќе ги одигра во тенисот.
Тој пред неколку дена најави повлекување, а деновиве тоа ќе го официјализира по завршениот Лејвер Куп во Лондон, каде ќе има веројатно доста добра гледаност од светската популација.
„Жалам што немав шанси да заигра против Алкараз, уживав на УС ОПЕН искрено. Реков дека ќе се појават нови ѕвезди и тој е една од нив. Еднаш тренирав само со него на Вимблдон, додека тој беше јуниор и добро се покажа“.
„Околу тоа дека сум во GOAT приказната, ме прави доста среќен, еден од најсреќните моменти во кариерата ми беше кога го срушив рекордот на Пит Сампрас и го земав 15-от гренд слем трофеј. Се после тоа беше бонус за мене. Не ми требаат сите рекорди за да бидам среќен, ова е доволно што го постигнав“, порача Швајцарецот.