Федерер за тенисерот против кого му било секогаш тешко да игра

Роџер Федерер се присети на некои од своите настапи на завршниот Мастерс.

Тој е рекордер кога се во прашање трофеите на ова натпреварување, а ги има вкупно 6. На АТП Тур финалињата дебитираше во 2002 година, а првиот трофеј го освои една година подоцна.

Освен во 2003, тој победуваше уште и 2004, 2006, 2007, 2010 и 2011 година.

Тогаш сфатив дека можам да ги победувам најдобрите во тенисот. Таа година, 2003, тоа беше прв турнир на кој се пробив највисоко“.

Федерер смета дека Надал секогаш за него бил најтежок противник.

Секогаш постои притисок кога играм со Рафа Надал во сала, затоа што сум фаворит. Но тоа се менува во зависност од тоа како одат работите, но тој секогаш беше тежок противник за мене, еден од најтешките во кариерата“, истакна Федерер.