Федерер за советот од неговата мајка

Швајцарскиот ас Роџер Федерер, често добива прашања околу тоа кога планира да се повлече од тенисот, но засега и се уште, тој нема конкретен одговор.

Најави дека додека го слуша телото, ќе гази на тениските терени, а според тоа што може да се насети, Федерер ќе ја игра цела идна сезона, а можеби и нешто повеќе од тоа.

Како што рече и претходно самиот, посакува да освои уште барем некој Грен слем трофеј и на тоа ќе работи следната година.

Цела мината недела ме прашуваа дали ќе се пензионирам и кога тоа всушност ќе се случи. Мојата мајка ми рече да играм се додека можам и тоа е мојата конечна цел. Не сакам се уште да се повлечам“, констатира Федерер.