Федерер уште еднаш прокоментира за неговото дефинитивно повлекување

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, уште еднаш истакна дека не планира наскоро да се повлече од тенисот.

Федерер моментално се наоѓа на турнеја по Јуќна Америка. Првиот меч веќе го одигра против младиот Александар Зверев.

Во овој момент не гледам ниедна причина за да се повлечам. Ќе запрам тогаш кога моето тело ќе ми го каже тоа. Не мислев дека ќе играм до 35 или 36 години, но еве ме уште настапувам. Уште во 2009 година прв пат се запрашав кога би можел да се повлечам, но и по скоро 10 години сум тука“.

Роџер Федерер последниот Грен Слем трофеј го освои во Мелбурн 2018 година, а од тогаш наваму беа одиграни уште седум турнири на кој тој не успеваше да дојде до трофеј.

Во овие години е се потешко да освојувате трофеи. Но истовремено имам повеќе искуство. Не знам како се ќе заврши, но ќе играм уште извесен период“, констатира Федерер.