Федерер сепак може да го пропушти Австралија Опен

Роџер Федерер би можел да го пропушти претстојниот турнир Австралија Опен, не само поради тоа што не е подготвен, туку и поради воведените рестрикции за играчите.

Така барем тврди поранешниот Дејвис Куп репрезентативец на Швајцарија и освојувач на златен олимписки медал, Марк Роус.

Причина за можното отсуство на Роџер во Мелбурн може да биде тоа што секој тенисер ќе може со себе да однесе само еден член на семејството.

„Тоа е сериозен проблем за Роџер. Тој никогаш не го разделува семејниот живот со оној во тенисот. Тоа е целина. Тој нема да избира помеѓу едно и друго. Со 39 години, можеби ќе настапи, но можеби и да реши да остане дома и да се подготвува за остатокот од сезоната“, порача Марк Роуз.

Федерер во кариерата има 20 Грен слем трофеј, од тоа 6 освоени во Мелбурн, последните два таму ги освои 2017 и 2018 година.