Федерер се запозна со негов голем навивач среде ресторан, а потоа следуваше изненадувањето

На социјалните мрежи се појави видео на кое е прикажан Роже Федерер кој седи во ресторан и добива пријатно изненадување.

Додека со друштвото седеше на маса, на Роже му пријде навивач и му покажа тетоважа која му ја посветил нему.

Ти си мојата најголема инспирација, не очекував да те сретнам овде. Навистина имам твоја тетоважа“, му порачаа на Федерер.

Навивачот потоа ги имаше веројатно најсреќните 10-20 минути во животот, запознавајки го тенисерот, разговарајки со него и фотографирајки.

Швајцарецот беше воодушевен на таа тетоважа, а прво провери дали тетоважата е реална, па откако увиде дека е вистинска, дојде емоцијата на неговото лице.