Федерер сака да се врати на АТП Тур

Роџер Федерер изјави дека дефинитивно има намера да се врати на врвниот тенис во 2023 година, но додаде дека нема конкретни планови освен да игра на Лејвер купот и домашниот турнир во Базел подоцна оваа година. Поранешниот светски рекет број еден кој во август ќе наполни 41 година нема играно од јули минатата година, кога во четвртфиналето испадна од Вимблдон од Хуберт Хуркач.

Претходно оваа година, Федерер ги потврди своите планови да се натпреварува со Шпанецот Рафаел Надал во Лејвер купот во септември во Лондон, пред натпреварот на швајцарскиот турнир во сала, закажан за октомври.

„Да, дефинитивно“, изјави Федерер за весникот Tages-Anzeiger на прашањето дали сака да се врати на АТП турнејата во 2023 година. „Како и каде, сè уште не знам. Но, тоа би било идеја“.

„Не сум планирал повеќе од Лејвер Купот и Базел. После Базел, сезоната во секој случај е завршена. Важно ми е да се оспособам повторно за да можам целосно да тренирам. Откако ќе го направам тоа, можам да одберам на колку турнири можам да играм“, додаде тој..

„Лејвер купот е добар почеток, не морам да одиграм пет натпревари во шест дена. Ќе можам да го направам тоа во Базел“, додаде Федерер.