Федерер прв пат се јави по операцијата – ги советува луѓето да се заштитат од КОВИД 19

Легендарниот Роџер Федерер се огласи во јавноста за прв пат по неговата операција.

Тој се осврна на пандемијата со Корона вирусот и проблемите со кои се соочува светот деновиве.

Навистина е важно да ги прифатиме правилата сериозно, доста сериозно. На крајот можеме сите да завршиме во карантин на подолг период, без да ги напуштаме своите домови. Затоа навистина мора да сфатиме дека ситуацијата е повеќе од сериозна“.

Федерер уште еднаш ги повика луѓето да ги послушаат препораките на властите и лекарите.

Ги мијам рацете многу често, баш како што треба сите тоа да го правиме. Верувам дека со тоа си помагаме еден на друг и тоа е најважно. Посебно старата генерација треба да помогне во тоа. Тие се изложени на најголем ризик овие денови, мора да се држат на одалеченост од барем два метри и да не се ракуваат, тоа е важно“, порача Федерер на социјалните мрежи.