Федерер открива дека имал доста лоши моменти поразот на Вимблдон

Роџер Федерер за британските таблоиди раскажа како го видел својот меч од негов агол по поразот во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ.

Победата ми беше така блиску, извесен период по поразот не се чувствував добро, имав кошмари. Флешбекови ми се вртеа низ глава. Секогаш во животот се паметат победите, а поразите сакате да ги оставите зад себе“.

Федерер во финалето на Вимблдон имаше две меч топки, но некако успеа да ги прокоцка, и преку филмско сценарио, како што рече и самиот Новак Ѓоковиќ, Федерер успеа да загуби нов Гренд Слем трофеј, со кој веројатно ќе станеше уште понедостижен за конкуренцијата.

Федерер најави дека се враќа за Мастерс турнирот во Синсинати, од каде ќе почне да го заборава Вимблдон.