Федерер обвинет од својот колега дека е себичен

Роџер Федерер повторно се најде на мета на критики од луѓето во светот на тенисот.

По Мерион Бартоли, сега и нејзиниот сонародник од Франција, Жил Симон, зборуваше за тоа дека Швајцарецот не го интересира колку пари ќе заработуваат послабо пласираните тенисери.

Знаев дека Роџер ќе направи таков потег кога ќе се дискутира за Гренд слем турнирите. Мој впечаток е дека го загубивме некаде, него не го интересира улога во претставување на другите играчи, едноставно што го интересира е само неговото мислење“, рече Симон.

Пред се ваквите обвинувања дека е себичен се поткрепени со тоа што кога се предложи акција за парична помош на послабо рангираните тенисери, Роџер Федерер беше буквално одвоен од таа група иницијатори, незаинтересиран, па затоа и останатите го критикуваат.