Федерер не игра цела година, а најмногу заработил од сите спортисти

Од завршната сметка во 2020 година можеби станува јасно зошто Роџер Федерер е активен тенисер и на 39-годишна возраст.

Швајцарецот не се појавил на тениските терени по Австралија Опен, имаше две операции кои најверојатно ќе го спречат да настапува и во добар дел од претстојната година, но и покрај тоа е спортист со најголема заработка. Во периодот од јуни 2019 до јуни 2020 година, тој на своето конто добил 106,3 милиони долари од кои точно 100 милиони се спонзори.

Втор на оваа листа е Кристијано Роналдо со 105 милиони долари од кои 45 милиони од спонзори, а трет е Лионел Меси со 104 милиони од 32 милиона од спонзори. Тие тројца се единствени со деветцифрени примања во овој период што е изненадување ако се знаат високите плати што ги добиваат кошаркарите во НБА лигата, на пример.