Федерер ќе игра и по својата 40-та година

Тенискиот тренер Северин Лути, зборуваше за можното повлекување на Роџер Федерер од белиот спорт.

Пензионирањето на Роџер Федерер е составен дел од секое интервју кое тој го дава за медиумите последните година две, но никако да дојде до негово заминување.

Многумина мислат дека Федерер е на крај, но од друга страна, постојат и такви луѓе што веруваат дека Федекс ќе игра и по својата 40-та година.

Никогаш не слушнав од него дека мора да се повлече, затоа што сака да го промени начинот на животот, или дека е уморен од патувањата. Ништо не може со 100% да исклучите, но со оглед дека тој и понатаму ужива во тенисот, но и минува време со пријателите, мислам дека нема да се пензионира пред 2021 година. Тој и на овие години е амбициозен и тоа е клучно за неговите успеси“, рече Лути за „Smash Magazine“.