Федерер ќе биде тажен и разочаран доколку не заигра против Алкараз пред да се повлече

Роже Федерер се уште не е подготвен за враќање на терените, но навивачите со нетрпение го очекуваат.

Швајцарецот и понатаму се опоравува по повеќекратните операции на коленото, беше во план да се врати на терените на крајот од летото, но се уште и тоа не е потврдено.

До тогаш, во светот на тенисот доаѓаат некои нови момци, а Алкараз е вистински пример за тоа дека доаѓа нова генерација.

Поранешната британска тенисерка Анабел Крофт, која работи како коментатор за Амазон Прајм, смета дека Федерер ќе биде разочаран доколку нема шанса да заигра против Алкараз.

Штета што Федерер моментално не игра поради операцијата на коленото, се уште не сме сигурни кога ќе се врати. Мислам дека тој посакува да се сретне со Алкараз. Се разбира дека е постар и дека ќе му биде тешко, но сигурна сум дека Роже сака да искуси еден натпревар со него и да види што може против него“, порача Крофт.