Федерер испадна од Топ 10, само втор пат во речиси 20 години

Роџер Федерер на новата АТП листа во понеделник нема да биде меѓу десетте најдобри на светот.

Легендарниот швајцарски тенисер паѓа од деветтата на 11-та позиција откако го пропушти турнирот во Индијан Велс. Ќе го прескокнат Полјакот Хуберт Хуркач и Норвежанеццот Каспер Руд. Тоа ќе биде првпат по пет години Федерер да испадне од Топ 10 и втор пат по јули 2002 година.

Федерер имаше две операции на десното колено минатата година. Се врати оваа сезона, одигра 13 меча, избори четвртфинале на Вимблдон и потоа ја заврши сезоната поради болки во коленото.

„Напредувам, најлошото е зад мене, а се радувам на она што ме чека. Кога се враќате по повреда, секој ден ви е подобар од претходниот“, изјави неодамна освојувачот на 20 Гренд слем трофеи.