Федерер го совлада Нишикори и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето од Вимблдон по победата против Кеи Нишикори.

Нишикори и Федерер одиграа одличен меч во четвртфиналето на турнирот во Лондон, а на крајот со 3:1 во сетови славеше искусниот швајцарски тенисер.

Почетокот на мечот му припадна на Нишикори кој наметна одличен ритам и се чинеше дека би можел да го порази Федерер. Јапонецот првиот сет го доби со 6:4 и поведе со 1:0.

По, по ова Федерер почна да игра фантастично. Во вториот сет на Нишикори му препушти само еден гем, па со 6:1 успеа да израмни на 1:1 во сетови.

Третиот сет беше нешто повозбудлив, но Нишикори не можеше да му парира на Федерер. Швајцарецот славеше со 6:4 и направи пресврт поведувајќи со 2:1. Истата слика ја гледавме и во четвртиот сет кој исто така му припадна на Федерер со 6:4, па Швајцарецот со вкупни 3:1 во сетови се пласираше во полуфиналето.

Во полуфиналето Федерер ќе игра против Надал кој славеше против Квереј со 3:0 во сетови. Сигурно е дека не очекува уште еден спектакл меѓу старите ривали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Надал околу тоа за кој навиваше Рафа во финалето на Вимблдон

(ФОТО) Цензура на најако: За медиумите во Албанија не постои Ѓоковиќ

Ноле по новата титула на Вимблдон ги израдува фановите во Македонија

Љубомората е опасна работа: Ѓоковиќ никогаш нема да биде популарен како Федерер или Надал

(ВИДЕО) Мирка не можеше да гледа, а Роџер на крајот ја разочара: Клучниот момент во финалето

(ФОТО) Статистиката е како бикини, тоа најдобро го почувствува Федерер

Она што го направи Ноле, не успеал никој од 1948 година

(ФОТО) Му го сменија и името на Тоблероне во чест на Ѓоковиќ

Ѓоковиќ и Федерер го срушија рекордот на Вимблдон