Федерер доби енигматично прашање: Дали ќе му пречи ако Рафа и Ѓоковиќ му ги срушат рекордите?

Третиот тенисер во светот, Роџер Федерер, даде доста интересја изјава која се однесува на неговиот најголем ривал, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Популарно нарекуваниот Федекс држи многу рекорди на АТП турнирите, има најмногу Грен слем титули, една повеќе од Надал и најмногу недели поминати како лидер на АТП врвот.

Надал и Ѓоковиќ секако му се сериозна закана, поготово Шпанецот кој е на титула од него, но тој не чувствува загриженост.

Не би имал проблем со тоа да ги прифатам нивните рекорди, се сеќавам само јас колку бев среќен што срушив Грен слем рекорд. За мене беше посебно чувството кога го освоив и срушив нечиј рекорд, не ни ми беше мислата да го задржам тоа“.

„Ривалството секако треба да го има во здрава мера и добро е што е тука, имаме млади играчи од типот на Александар Зверев. Тие играчи се доста важни за ривалството. Би рекол дека сега Рафа е многу блиску до моите рекорди, пред се што е само еден трофеј пониско од мене, од она што јас го правев со години. Своја шанса има и Новак Ѓоковиќ, но во овој момент Рафа е поблиску да сруши мои рекорди“, рече Федерер.