Федерацијата известена – Металург ќе се обиде да дојде до Вајлд-карта

Ракометниот клуб Металург испрати соопштение до ракометната федерација на Македонија дека ќе аплицира за вајлд-карта, која носи место меѓу елитата, односно во ЛШ.

Рокот за поднесување апликации за вајлд- карта истекува утре.

Металург не сака да го загуби континуитетот кој го имаше изминатите години и сака да остане во ова врвно натпреварување, каде последната деценија беше редовен учесник.

Но за добивање на потребната вајлд-карта, ЕХФ има свои правила.

Соодветна сала, ТВ пренос, публика, пласман во домашно првенство, Медии, претходни настапи, извршување на наредби од ЕХФ и буџет од големи спонзори.