ФД СН Финансии ДОО Битола – спонзори на првата улична атлетска трка „November run Gevgelija 2021“!

Финансиското друштво СН Финансии, како општествено одговорна компанија која ја поддржува промоцијата на спортските
вредности и здравиот начин на живот, со особена чест и гордост ќе бидат спонзори на уличната атлетска трка “November
run Gevgelija 2021“.

Организатор на првата улична трка е Атлетскиот клуб 7-ми ноември од Гевгелија и истатата ќе се одржи на 7.11.2021
година. “November run Gevgelija 2021“ е организирана според правилата на IAAF (Меѓународната атлетска федерација). Во
соработка со Атлетската федерација на Македонија ќе се одржи и државното првенство во трчање на 10 километри.

На трката учество ќе земат повеќе од 600 љубители на трчањето од земјата, како и гости натпреварувачи од Словенија,
Грција, Косово и Србија. Свое учество на трката низ улиците на Гевгелија, ќе зема и натпреварувач од Финансиското
друштво СН Финансии.

Финансиското друштво СН Финансии ДОО Битола се редовни помагатели на голем број на настани кои го промовираат
спортскиот дух и дружењето помеѓу луѓето во нашата држава.

Како спонзори, финансиски ги поддржавме и уличните трки “Трчај бе“ во Битола, на кои како активни тркачи учество зедоа и
дел од нашите вработени.