Фантастичниот Томовски: Невниманието не чинеше подобар резултат!

Мартин Томовски на вчерашната средба против селекцијата на Словенија блескаше на голот, успеа да запише 14 одбрани, со кои 60 минути ја држеше Македонија блиску до егал.

Но не успеавме да дојдеме барем до бод, кој ќе беше од огромно значење за нашата репрезентација, бидејки Словенија е респектабилна селекција, а плус тоа во наши редови го немавме и капитенот Кире Лазаров, кој натпреварот го проследи само од клупа.

Имавме многу позитивни работи од мечот со Словенија. Одбраната беше на високо ниво и тоа многу помогна, но одредени невниманија скапо не чинеа. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот веќе на следниот натпревар против Црна Гора“, истакна македонскиот голман.

Словенците сами признаа дека не очекувале ваков тактички пристап од репрезентацијата на Македонија, која неколкупати во натпреварот доаѓаше до нерешен резултат, по она прво водство од 0:3, но не успеа да дојде до бод.