Фантастичниот Ѓоковиќ го демолираше Надал и го израмни резултатот во финалето

Откако во првиот меч од финалето на АТП Купот Роберто Баутиста-Агут со 2:0 го совлада Душан Лајовиќ, на теренот излегоа двајцата најдобри тенисери на Шпанија и Србија, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ одигра одличен меч и го разби својот ривал. На крајот беше 2:0 во сетови – 6:2, 7:6.

Во првиот сет популарниот Ноле на Надал два пати му зеде сервис и тоа во првиот и седмиот гем. Во вториот сет немаше брејкови поради што се влезе во тај-брејк кој му припадна на српскиот тенисер.

Победникот на турнирот во Сиднеј ќе се одлучи по мечот во двојки, што значи дека Ѓоковиќ и Надал повторно ќе се најдат на спротивните страни. Партнер на Ѓоковиќ ќе му биде Виктор Троицки, а на Надал Пабло Карењо-Буста.