Фантастична партија на Кузма, Милвоки ги запре Хјустон и Харден, ново брилијантно издание на Дончиќ

Синоќа се одиграа неколку фантастични мечеви во НБА лигата, во прв план беше дуелот меѓу Милвоки Бакс и Хјустон Рокетс, а Лука Дончиќ уште еднаш го воодушеви светот.

19-годишниот Словенец во победата на својот Далас против Феникс ја одигра една од најдобрите партии во кариерата. Маверикс ги победија Санси со 104:94, а младиот Словенец уфрли 30 поени со шест асистенции и шест скока.

Далас се врати на победите во својата сала, а интересно е дека ова беше прва победа за Маверикс по седум мечеви против Феникс, чиј прв пик Денадре Ејтон имаше проблем со пеналите, па го заврши мечот со шест поени и пет скока.

„Одличен е, сестран, несебичен, игра за тимот, но и постигнува поени. Она што го приметив е дека одбраната му е подобра“, изјави тренерот на Феникс, Игор Кокошков, за својот пулен од репрезентацијата на Словенија.

Дербито на вечерта се одигра во „Тојота Центар“ каде домашните Рокетси беа поразени од Милвоки Бакс со 116:109. Одличен натпревар за домашната екипа повторно одигра Џејмс Харден со дури 42 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно за неговиот тим да избегне пораз. Бакси до триумфот ги водеше грчкиот ѕвер Јанис Адетокумбо со 27 поени и 21 скок. Но, Гркот потроши речиси двојно помалку топки, го имаше Брогдон кој броеше до 24 поени, со подобар процент на шут, а Бакси направија и помалку грешки, го запреа Капела во рекетот, во третата четвртина го демолираа ривалот на кого повеќе од очигледно му недостасуваше Крис Пол.

Лос Анџелес Лејкерс дојде до втората победа во низа без Леброн Џејмс. Противникот и не беше претерано тежок, бидејќи во „Стејплс Центарот“ гостуваа Детроит Пистонс.

Лејкерси повторно не можеа да сметаат на „Кралот“ Џејмс, но овојпат во неговата кожа на теренот се најде Кајл Кузма. Младиот крилен центар брилјираше во победата над Детроит од 113:100 со 41 поен, со што постави нов рекорд на кариерата. Огромен број на поени собра за само три четвртини на теренот, со што застана рамо до рамо со Клеј Томпсон, Стеф Кари, Џејмс Харден и Леброн Џејмс како единствени на кои тоа им пошло од рака оваа сезона.

НБА резултати:

Бостон – Индијана 135:108
Вашингтон – Филаделфија 123:106
Бруклин – Атланта 116:100
Хјустон – Милвоки 109:116
Мемфис – Сан Антонио 96:86
Њу Орлеанс – Кливленд 140:124
Далас – Феникс 104:94
Јута – Орландо 106:93
Портланд – Чикаго 124:112
ЛА Лејкерс – Детроит 113:100.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвена Звезда го победи Партизан за 2:1 – „црвено-белите“ на чекор од титула

Томпсон на долга рехабилитација – што сега со неговиот договор во Голден Стејт?

Зад новиот НБА шампион стои Македонец

МВП на финалето од НБА со тажна животна приказна

Торонто испиша историја – нов НБА шампион

Титулата се врати во Аеродром: МЗТ му удри „метла“ на Работнички за седми трофеј во историјата

Баркли посочи со прст кон виновникот за повредата на Кеј-Ди

ВИДЕО: Драмата во Пионир резултираше со тројка на Партизан: Раде Загорац како Кецман!

Нено Димитријевиќ сепак се повлече од НБА драфтот во кој требаше да учествува