Фановите на Хувентуд гласаа: Потегот на сезоната го има Ненад Димитријевиќ!

На мечот против Барселона во ACB лигата, Нено Димитријевиќ имаше еден неверојатен потег, кој сега е изгласан за најдобар во сезоната од страна на навивачите на Хувентуд.

Фановите добија можност да го изгласаат најдобриот потег на сезоната, а честа за тоа ја доби Ненад Димитријевиќ.

Димитријевиќ имаше соло продор кон противничкиот простор, за потоа да ги излуди коментаторите кои викаа „Ненооооооо, Неноооооо“.