Фанови на Лестер се прашуваат: Зарем Хари Мегваер се уште игра за нас?

Манчестер Јунајтед вчера повторно ги разочара своите навивачи, откако им приреди уште еден пораз од Лестер, како и минатата сезона.

Овој пат, иако први поведоа со голот на Мејсон Гринвуд, на крајот им се случи катастрофален крај, во кој загубија со 4:2.

Вчера и денеска непрестано пристигнаат критики на сметка за капитенот на Јунајтед, Хари Мегваер, кој реагираше во неколку ситуација комично и театрално.

Многу од навивачите на Лестер се шегуваат на сметка на Мегваер дека тој се уште мисли дека игра за Лестер, бидејки токму од таму, Јунајтед го откупи фудбалерот за рекордни 80 милиони фунти за еден дефанзивец.