Фамилијата Глејзер глува на барањата на навивачите: Нема шанси да го продадат Јунајтед

Фамилијата Глејзер која е мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед нема намера да го продаде клубот и покрај жестоките протести на навивачите, тврди Гардијан.

Во неделата, фановите насилно влегоа на Олд Трафорд и онезовможија да се игра дербито против Ливерпул, а притоа изнесоа низа барања до газдите. Глејзерови ги разгледале, но досега јавно не се произнеле по нив.

Гардијан додава дека Американците не само што не планираат да го продадат Јунајтед, туку имаат долгорочна стратегија да ја зголема вредноста на клубот од сегашните три, на седум милијарди долари. Фамилијата е сопственик на Јунајтед од 2005 година.