Фалкао се налути, па ги нарече фудбалерите „кловнови“

Футсал легендата Фалкао, не се согласува со она што го прават професионалните фудбалери по своите домови за време на ширење на пандемијата Корона вирус.

На Фалкао му пречи инфантилното однесување на сите играчи кои по своите станови жонглираат со тоалетна хартија.

Па тоа е предизвик само за кловнови, ситуацијата со КОВИД19 е сериозна, дајте луѓе бидете сериозни, луѓе умираат секој ден. Фокусот наш треба да биде кон тоа како да се спасиме од вирусот, а не да жонглираме со хартија по станот“, порача Фалкао.

Трендот со жонглирање тоалетна хартија зема се поголем замав на социјалните мрежи и токму такви потези му пречат на легендарниот Фалкао.