Фабрегас со емотивна порака по разделбата со Челси!

Цеск Фабрегас од вчера и официјално е нов играч на Монако, каде главен тренер е Тиери Анри, неговиот некогашен идол и соиграч од деновите во Арсенал.

Шпанскиот фудбалер кој во минатото настапуваше во Арсенал, па потоа од Барселона премина во Челси, беше потег кој беше долго оспоруван од навивачите поради „предавството“ кој го направил.

Но Цеск успеа да освои неколку важни трофеи со Челси и при заминување од Стемфорд Бриџ, се потсети на тие денови и му се заблагодари на клубот од Лондон за убавите моменти.

Измешани емоции кои ги пишувам во оваа порака. До сите навивачи на Челси и сопственикот Роман Абрамович кој ме донесе овде, им благодарам на сите, на моите соиграчи кои ми помогнаа да освојам многу трофеи овде, персоналот кое моето време минато во клубот го направи едноставно и лесно. Благодарност до сите фанови кои направија да се чувствувам посебно секоја недела кога игра. Ова беше неверојатно патување за мене, сега се разделувам со голема тага. Ќе ми недостигате сите, но јас ви посакувам се најубаво во иднина“, порача Фабрегас.

Трансфер сумата односно обештетувањето за Челси се уште не е утврдено за Фабрегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работнички со репрезентативен голман во новата сезона

Ќе направат се за да го донесат: Наполи ја враќа „десетката“ на Марадона поради еден играч!

Легендарниот играч на Јунајтед дециден: Можеме и без Погба

„Сините“ добија зелено светло: Дерби му дозволи на Лампард да преговара со Челзи!

На „Топчиите“ им е итно: Арсенал понуди 30.000.000 евра за првото засилување

Европскиот првак вложува во иднината: Ливерпул го купува „новиот Ван Дајк“

Популарниот Цапар се враќа на сцена: Канатларовски доби селекторска функција

Звучи лудо, но намерите се сериозни: Алиоски од следната сезона ќе игра со Тоти!?

Еден од најискусните го напушта Вардар и се сели во Вележ од Мостар