Фабрегас прв се огласи по отказот на Лопетеги

3406

Веста на денот без сомнение е Хулен Лопетеги кој ден откако потпише со Реал Мадрид, заработи отказ од клупата на Шпанија. И сето тоа на ден пред почетокот на Мундијалот во Русија.

Прв кој се огласи по одлуката на Фудбалската Федерација на Шпанија, е Цеск Фабрегас кој не се најде на списокот на патници на Лопетеги за настап на СП.

Членот на Челзи очигледно се радува на овој потег, па порача дека можеби сега ќе добие повик во Русија.

„Чекајте, можеби сега ќе добијам повик“, кратко напиша искусниот фудбалер за врска на „Твитер“.