Ф1 возачот во целосен шок: Мечка му го попречи патот – неговата реакција доволно зборува

Австралискиот возач во Ф1, Даниел Рикиардо, веројатно не веруваше дека ќе има блиска средба со мечка во момент кога тој се движеше во спротивен правец.

За тоа зборува неговиот израз на лицето откако се разминаа. Имено, возачот на Мекларен со уште неколку пријатели имаа слободни активности во природа и имаа што да видат.

Инаку мечката која се движеше во спротивен правец, лежерно минуваше покрај патот, како воопшто да не постојат велосипедисти, но Рикиардо беше толку импресиониран од ситуацијата, па застана со пријателите да го сподели тоа.

Австралиецот моментално се подготвува за следната трка во Ф1, која се вози на 3 јули на познатата патека Силверстоун во Британија.