Ф1 возачот со препорака: Итно менување на правилата, блиску сме до катастрофа по сите возачи

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, бара итно менување на едно правило во Формула 1.

Повеќе од возачите по трката во Азербејџан, се пожалиле во боксовите на болки во грбот, поради потскокнување на задниот дел од болидот.

Прашање на време е само кога ќе доживееме некоја несреќа. Едвај успевавме да го задржиме болидот под контрола на правците. Последните две кривини минувавме со брзина од 300 км на час. Од кок-питот, поради потскокнување, едвај можев да ја видам зоната на кочење. Ова што сега го имаме е рецепт за катастрофа. Не верувам дека ќе издржиме три години како што е планирано до воведувањето на новите правила. Итно мора нешто да се преземе по ова прашање“, порача Џорџ Расел.

Инаку Џорџ Расел во Ф1 сезонава веќе го стекна прекарот „господин конзистентност“, бидејки има своја константност во резултатите на почетокот од неговата авантура со Мерцедес.