Ф1 легендата која работеше со Шумахер е импресиониран од Рико: Треба да е горд

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков Рико со успех сезонава го има своето деби во силниот Порше Карера ГТ3 Куп на Италија каде што вози за тимот на ГДЛ Рејсинг.

Големи заслуги за резултатите на Рико има и еден човек од сенка, кој не е така експониран во јавноста, но и тоа како е важен. Станува збор за славниот и познат инжeнер, Марко Kаловоло кој во својата богата биографија има забележано соработка со голем број славни имиња во светот на спортот.

Цаловоло има работено и во Формула 1 и тоа со легендарниот Михаел Шумахер, но и други светски познати пилоти како Џанкарло Физикела.

„Спортклуб“ го исконтактира и со задоволство прифати да одговори на неколку прашања, поврзани со македонскиот автомобилист, Вуков кој според неговите зборови, од она што може да го види, ветува многу.

„Пред почетокот на сезоната од инженерска гледна точка бевме свесни за големиот предизвик со кој Рико требаше да се соочи во толку силно натпреварувње како Порше Карера Куп Италија. Тоа е многу моќен автомобил, скоро 500 коњски сили. Притоа конкуренцијата е силна со оглед на тоа што има возачи со многу сезони зад себе во овој шампионат.Навистина голем предизвик беше и фактот што Рико не знаеше ниту една од патеките“, вели Марко и додава:

„Ние сме премногу задоволни со развојот на перформансите на Рико уште од првата трка во Муџело. Лично, јас сум импресиониран од неговата посветеност, неговиот став кон подобрување на перформансот преку видео анализа и способноста да оди напред, чекор по чекор да напредува без грешка“, изјави искусниот „лисец“ и додава за крај:

„Ако го земеме фактот дека е уште млад и има ограничено претходно искуство со толку моќни автомобили , мислам дека тој би требало да е премногу горд на она што го прави“.

Редакцијата на Спортклуб дозволува превземање на овој текст.