Ф1 е возбуда, Ф1 е адреналин, па дури и во боксот – Волф беснееше на свој начин

Луис Хамилтон го обвини по трката во Саудиска Арабија неговиот ривал за титулата, Макс Верстапен, за намерно кочење на правецот каде требаше да биде претекнат, по што следуваше инцидент.

Тоа беше доста стресен момент за Мерцедес, првично за Луис Хамилтон, но и за луѓето во гаражата на германската авто-мото екипа.

Тоа најдобро се одрази на првиот човек во боксот, Тото Волф, кој во моментите на нервоза, ги фрлаше слушалките поради тој инцидент од кој многу им зависеше.