Европското првенство го зеде првиот тренерски скалп

По завршувањето на првичната (групна) фаза од Европското првенство, се случи и првиот отказ на селекторска позиција на една репрезентација.

Станува збор за селекторот на Украина, Сергеј Бебешко, кој веднаш по неуспехот, поднесе неотповиклива оставка, бидејки во групата не освоија ниту еден бод.

Со ова на ракометната федерација на Украина и преостанува да пронајде брзо селекторско решение, бидејки за три месеци (во април) ги очекува бараж за СП во Египет идната година во јануари.