Европското првенство е се подалеку, Македонија поразена во Запорожје од Украина

Македонската одбојкарска репрезентација загуби на гостувањето кај Украина со 3:1 во квалификациите за Европското првенство со што практично ги загуби шансите за пласман на континенталниот шампионат.

Во пресрет на натпреварот во Запорожје, Швајцарија славеше против Украина, што значеше дека на нашата репрезентација и беше неопходен триумф над Украина, но до такво нешто не дојде.

Македонија по вторпат беше поразена од Украина, овојпат со 3:1, со што остануваат само теоретски шанси за нашите репрезентативци да дојдат до континенталниот собир.

Украинците убедливо го започнаа натпреварот, првиот сет им припадна на домаќините со 25:19. По ова, натпреварот беше понеизвесен, но и вториот сет им припадна на Украинците со 28:26.

Нашата репрезентација успеа да се врати во игра, го освоивме третиот сет со 25:23 и намаливме на 2:1. Сепак, нашата репрезентација не успеа да го искористи водството кое го имаше во најголемиот дел од четвртиот сет, па на крајот загуби со 25:23 за конечни 3:1 во корист на Украинците.

Украина со оваа победа го завери првото место во нашата група, Македонија и Швајцарија се на делба на второто место со по шест бода, додека Унгарија е последна со три. Со победа над Унгарија Македонија ќе го освои второто место во групата, но проблем е што нашата репрезентација котира лошо меѓу второпласираните тимови. Од сите седум групи, најдобрите пет второпласирани обезбедуваат пласман на ЕП, што значи дека нашата репрезентација ќе треба да се надева на позитивен исход и од останатите мечеви за да се најдеме на континенталниот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посакуван расплет: Македонија во група во Љубљана, ќе играме и против Турција на Јошко

Екс играч на МЗТ додека со својот клуб се борел за опстанок барал да оди на одмор со Дара Бубамара

(ВИДЕО) ДРАМА во Банско: Бугарите три часа спасуваа македонски сноубордери

Мекгрегор го нарече Хабиб кучка, а овој му возврати со фотографија која ќе го здоболи Ирецот

Радувај се Македонија: Одбојкарската репрезентација оди на Европско првенство

Шведска ни праги голема услуга – го победија Азербејџан и не носат чекор напред за пласман на ЕП

(ВИДЕО) Шокантна снимка: ММА борец по 20 секунди сам си ја скрши ногата

Сите можни калкулации пред утрешнотo „финале“ за одбојкарите за пласман на ЕП

(ВИДЕО) ХОРОР во Германија: Во тешка ситуација итно префрлена во болница