Европскиот шампион Вардар ќе добие „додавка“ во името наскоро

Сергеј Самсоненко е веќе минато за РК Вардар, а во клубот на кормилото се враќа Михајло Михајловски, кој вети максимален ангажман за Вардар да не остане на цедило по заминувањето на претходниот спонзор.

Во интервју за Телма кој сегашниот прв човек на Вардар, Михајло Михајловски, го даде, истакна дека Вардар во своето име ќе ја состои и бројката 1961, што ја симболизира годината кога ракометниот клуб Вардар е основан.

Во последна фаза сме на преземање на клубот од Сергеј Самсоненко, потоа ќе пристапиме кон тоа да го регистрираме новиот субјект, кој ќе има придавка, Вардар 1961. Нашата цел е да изградиме тим кој ќе може со актуелниот кадар да доаѓа до 1/4 финале во ЛШ, можеби Ф4, силен тим за СЕХА лигата и двојна круна во Македонија“, рече Михајловски.

Што се однесува до трансферите, овој период имаше многу шпекулации, а Михајловски потврди дека во моментов единствено сигурен е голманот кој доаѓа од Франција.

Кантреал е сигурен, се работи за одличен голман. Наскоро ќе се знаат повеќе деталу околу новите засилувања“, порача Михајловски.