Европскиот шампион не мирува – пред ангажман на уште еден бек !?

Актуелниот европски, регионален и македонски шампион Вардар веќе ја запчна новата сезона.

На стартот од новата сезна, на неофицијалното СП во Саудиска Арабија стигна до бронзениот медал, во СЕХА имаше половичен ефект, победа и пораз, а победнички старт имаше во ЛШ каде славеше викендов во Франција над Монпелје.

Новиот стратег Писонер се соочува со низа проблеми поради повреди, пред се во бековската линија. Во подготовките на подолги стази остана без Де Толедо, а се повредуваа и Скубе и Атман, а на мечот против Мотор на повреда се пожали и Дисингер.

Јасно е дека и така тенката бековска линија е во проблеми, па поради тоа раководството на „црвено-црните“ е растрчано во обид да пронајде уште еден бек, а приоритет е лев или пак централен.