Европскиот Олимписки комитет со честитка до Даниел Димевски

Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски, е избран за нов претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.

Димевски на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски кој по 28 години ја напушти својата позиција и стана почесен претседател.

Сега, честитки за Димевски пристигнаа и од Европскиот Олимписки комитет и тоа од в.д. претседателот Нилс Нигард.

„Дозволете ни да ви честитаме за изборот за претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. Во име на ЕОК и мое лично име, ви испраќаме најдобри желби за овој нов важен подвиг и за вашата посветеност во следниот четиригодишен мандат. Оваа позиција со себе носи големи одговорности и ние сме повеќе од среќни да започнеме соработка со вас за промоција на олимпизмот во вашата земја“, стои меѓу другото во писмото од ЕОК и Нилс Нигард.

Димевски беше избран за претседател на неодамнешното Собрание со 30 гласа од вкупо 32 присутни делегати.