Европа е покорена: Емил Павлов е европски шампион во карате!

776

Македонскиот каратист Емил Павлов славеше во финалето на Европското првенство во карате кое се одржа во Нови Сад, Србија, по што официјално е крунисан за нов европски првак во категоријата до 61 килограм.

Во финалната борба, еден од најдобрите македонски каратисти, беше подобар од Италијанецот Анџело Крешенцо над кого славеше со 3:1 во поени.

Покрај финалната борба и победата над Крешенцо, Павлов на ова ЕП прослави победа над Калвис Калнинс (Летонија), Ненад Дуловиќ (Црна Гора), Јасир Ел Атар (Холандија) и Доминик Имрих (Слоавчка).

Ова е втор златен медал за Емил Павлов, вкупно трет, со што стана најуспешниот македонски каратист на европските натпреварувања.